Американката (27) Симон Бајлс падна од вежбата на греда и остана без медал во таа дисциплина на Олимписките игри (ОИ) во Париз
Бајлс која го освои три златни медали во Париз, екипно, во повеќебој и во прескок, ја загуби рамнотежата на крајот од вежбата, и на крајот го освои петтото место. Во финалето половината гимнастичарки паднаа од гредата широка само 10 сантиметри!
Италијанката, Аличе Д’Амато го освои златото, со 14.366 поени, среброто и припадна на Жу Јакин од Кина (14.100), а бронзата и припадна на уште една италијанска гимнастичарка, Манила Еспозито (14.000).
Бајлс има шанса за освојување на уште еден медал во Париз, во денешното финале на партер.