Баерн најде замена за Ласo: Ја предводеше Германија до титулата на СП лани

Канадскиот кошаркарски стручњак, Гордон Херберт е новиот тренер на Баерн Минхен, соопшти германскиот клуб. Херберт (65) потпиша двегодишен договор со Баварците и ќе го замени Шпанецот, Пабло Ласо, кој поднесе оставка пред еден месец.

Канадскиот стручњак минатата година ја предводеше репрезентацијата на Германија до златниот медал на Светското првенство (СП) во Јапонија. Тој претходно најави дека нема да биде селектор на Германија по Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Херберт тренерската кариера ја почна во Финска, а потоа работеше во Австрија, Германија, Франција, Канада и во Русија. Тој ги водеше репрезентациите на Грузија и на Канада пред да ја преземе германската репрезентација во 2021 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО