Според фудбалскиот инсајдер, Фабрицио Романо, раководството на Баерн Минхен ќе почне преговори со Венсан Компани, досегашниот тренер на англискиот Премиерлигаш, Барнли.
По објавата за заминување на Томас Тухел, Баварците се поврзуваа со многу trenerski имиња, меѓу кои Томас Франк и Роберто Де Зерби од Брентфорд, односно од Брајтон.
Но според Романо, Компани (38) во моментов се смета за прв кандидат за празното тренерско место во Баерн и наводно деновиве се очекува и конкретна средба.