Баерн бара 70 милиони евра за Дејвис, Реал нуди само половина

Раководството на Баерн одлучи дека е подготвен да се раздели со 23-годишниот лев бек Алфонсо Дејвис, но постави и прилично висока сума за негова продажба.

„Билд“ пишува дека баварците за Канаѓанецот ќе бараат 70 милиони евра. Реал Мадрид, кој во изминатите месеци активно се интересираше за канадскиот фудбалер, не е подготвен да ја плати цената што е одредена за него.

„Галактикоси“ имаат намера да го започнат преговарачкиот процес со Баерн со понуда од 30 до 35 милиони евра, а максималната цена што „кралскиот“ клуб е подготвен да ја понуди е околу 40 милиони евра, што е многу далеку од она што за Дејвис го бара Баерн.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО