Австрија прв пат поразена во нокаут рунда во 90 минути

Репрезентацијата на Австрија за прв пат во историјата загуби натпревар во регуларниот дел од нокаут фазата на Европско првенство (ЕП), од Турција (1:2). На ЕП 2020-та Австрија загуби од Италија по продолженијата (1:2).

Турција во првата минута (според УЕФА, во 57. секунда) од натпреварот дојде до водство преку дефанзивецот Мерих Демирал кој одбиената топка по изведениот корнер ја смети во мрежата.

Во 59. минута, Арда Ѓулер од корнер нафрли на поблиската статива, каде што Демирал со глава ја смести топката под гредата за 2:0. Седум минути подоцна, Австријците ја намалија предноста со голот на напаѓачот Михаел Грегорич, за конечни 1:2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО