Австралијката Џексон е највозрасната кошаркарка која заиграла на ЛОИ

Австралијката Лорен Џексон стана највозрасната кошаркарка која некогаш учествувала во натпревар на Олимписките игри. Џексон моментално има 43 години и на олимпијадата во Париз играше на меч за репрезентацијата на Австралија против Нигерија, кој го добија нигериските кошаркарки.

Таа на овој натпревар постигна шест поени и имаше уште два скока.

Вреди да се одбележи дека исто така нема спортисти во машката кошарка кои се натпреварувале на Олимпијадата во подоцнежна возраст од Џексон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО