Аутсајдерот Намибија го изненади фаворитот Тунис

Намибија направи големо изненадување на Купот на Африка во фудбал што се одржува во Брегот на Слоновата Коска, победувајќи го фаворитот Тунис, шампионот од 2004 година, со 1:0.

Намибија, 115-та земја на ранг листата на ФИФА, на четвртото учество во завршницата на ова натпреварување ја прокнижи првата победа по деветте одиграни натпревари.

-Ова е огромно достигнување за нас, никој не ни даваше шанса. Ние не бевме во позиција да зборуваме многу пред натпреварот, кога сите нè нарекуваа аутсајдери. Можевме да зборуваме само на теренот, изјави селекторот на Намибија, Колин Бенџамин.

Капитенот на Тунис, Јусеф Мсакни по осми пат игра на завршен турнир на Купот на Африка со што се израмни со рекордерите, Ригоберт Сонг (Камерун), Ахмед Хасан (Египет) и Деде Ају од Гана.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО