Атлетико Мадрид синоќа се прости од Лигата на шампиони (ЛЕ), во четвртфиналната фаза, во која беше елиминиран од Борусија Дортмунд, со вкупни 3:5 (2:1 и 2:4).
Но добрата вест за Атлетико беше испаѓањето и на Барселона, од ПСЖ што ќе ја наполни касата на мадридскиот клуб. Елиминацијата на Барселона значи дека Атлетико ќе игра на клупското Светско првенство (СП) следната година во САД, во новиот формат.
Таму ќе настапат 32 екипи поделени во осум групи, со по четири екипи. Двата најдобри тима од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата.
На Барселона за пласман на клупското СП и беше потребно играње во финалето во ЛШ сезонава и елиминација на Атлетико од Борусија.
Ваквата развеска значеше промоција на Атлетико на клупското СП следната година што на клубовите ќе им донесе заработка од 50 милиони евра.
Европските претставници на клупското СП ги пополнија сите места, освен едно кое е наменето за победникот на ЛШ годинава, односно за најдобриот тим според ранкингот на ФИФА во последните четири години, кој се’ уште нема обезбедено место.
Засега сигурни се Манчестер сити, Реал Мадрид, Челси, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус и Атлетико.