Атлетико го доведе партнерот на Халанд од норвешката репрезентација

Норвешкиот фудбалер, АлександЕр Серлот е новиот играч на Атлетико Мадрид, соопшти денеска шпанскиот клуб. Серлот (28) кој потпиша четиригодишен договор со Атлетико, доаѓа од Вилјареал за 32 милиони евра, пренесува „Марка“.

Норвешкиот фудбалер минатата сезона беше втор најдобар стрелец во шпанската вгтора лига. Тој во дресот на Вилјареал на 34 натпревари даде 23 гола и имаше шест асистенции. За норвешката репрезентација има одиграно 53 натпревари и постигнато 18 гола.

Во текот на кариерата Серлот настапуваше за Розенборг, Боде, Гронинген, Митјиланд, Кристал палас, Гент, Трабзон, Лајпциг и за Реал сосиедад.

Атлетико ја почнува сезоната на 19 август токму со натпреварот против Вилјареал, во првото коло од шпанската Ла лига.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО