Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал летово ќе го напушти клубот по 13 години минати во него.
Според „Атлетик“ тој нема да потпише нов договор со клубот и на 34. годишна возраст ќе си замине од „Сантијаго Бернабе“.
Иднината на Карвахал во Мадрид беше неизвесна во текот на целата сезона поради постојаните повреди и губењето на местото во стартниот состав од Трент Александар-Арнолд.