Атаман со ветување на пресот: Ќе одиме на Ф4, доколку не играме таму, нема да бидам веќе тренер на ПАО

Победата на Макаби вечерва на гостувањето кај Панатинаикос дојде сосема неочекувано.

Макаби поведе против грчката екипа, а очигледно доколку се случи елиминација на Панатинаикос, односно доколку тимот од Атина не успее да дојде до Ф4 годинава, тренерот Ергин Атаман, најави дека идната сезона тој нема повеќе да ја води екипата.

– Моето ветување е дека ќе одиме на „Фајналфор“ годинава, ништо драматично, губиме 1-0, но ветувам дека ќе играме на Ф4. Доколку не одиме на Ф4, јас нема да бидам тренер на Панатинаикос следната сезона, порача Атаман.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО