Аталанта му врачи отказ на Јуриќ

Италијанскиот фудбалски тим Аталанта му врачи денеска отказ на својот тренер Иван Јуриќ, прекинувајќи ја соработката со хрватскиот стратег по вчерашниот пораз на домашен терен од Сасуоло (0-3) во рамки на 11 коло во Серија А.

.Јуриќ ја презеде Аталанта на почетокот од оваа сезона и седум пати ремизираше во првите девет кола, а во последните две не освои ниту бод и се наоѓа на 13 место на табелата со 13 бодови.

„ФК Аталанта објавува дека Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници, Матео Паро, Мигел Велосо, Паоло Барбера, Стјепан Остојиќ и Микеле Орекио. Клубот сака да им се заблагодари на Иван Јуриќ и на неговиот персонал за нивната посветена работа и им посакува сè најдобро во иднина“, објави клубот од Бергамо.

Ова е трет отказ за Јуриќ за помалку од една година. Минатата година, тој беше отпуштен по помалку од два месеци минати на клупата на Рома, а потоа во декември го презеде Саутемптон, кој не успеа да го спаси од испаѓање од Премиер лигата и во април остана без ангажман.

 

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО