Асвел е веќе минато за Партизан – Пантер со мислите на следниот пеколен натпревар

Партизан успеа да мине успешно уште едно коло во Евролигата, синоќа во „Арена“ го победија составот на Асвел со 90:77, со што покажаа дека ја темпираат формата за големата пресметка против вечниот ривал утревечер, Црвена Звезда.

По натпреварот, евидентно беше задоволството во таборот на „црно-белите“, а во микс зоната, Кевин Пантер, нагласи дека сега ги чека пеколен натпревар.

– Ова е вистинскиот начин да се отвори нова година. Бевме фокусирани за оваа победа и тоа е најважно. Следниот меч ќе биде тежок за нас, бидеки го играме за два дена. Мора да бидеме максимално подготвени и фокусирани на тој натпревар. Навивачите посакуваат да победиме, порача капитенот на Партизан, Кевин Пантер.

Пантер имаше одлична вечер против Асвел, натпреварот го заврши со скор од 22 поени, три асистенции и без ниту една загубена топка.

Црно-белите во моментов имаат 10 победи и 8 порази во елитното натпреварување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО