Шпанскиот стручњак Унаи Емери и официјално го продолжи договорот со Астон Вила до 2027 година, објави клупската прес-служба на официјалната веб-страница.
– Уживаме во нашето патување заедно со навивачите на Вила, сопствениците на клубот, управата и играчите на овој голем тим со кој сме горди.Јас и управата на клубот ја делиме визијата на сопствениците и имаме добра средина и правилна структура за развој на овој фудбалски клуб. Мора да го задржиме вредниот дух на работа, паметните одлуки и координацијата со сопствениците што ги стекнавме во ова време. Ќе работиме да бидеме подобри и подобри. И тоа ќе го бараме еден од друг. Амбицијата секогаш треба да биде мотото на овој проект, изјави Емери на официјалната веб-страница на клубот.
Да потсетиме, пред Астон Вила, Унаи Емери работеше во Виљареал. Со клубот ја освои Лигата на Европа во сезоната 2021/2022. Покрај тоа, Шпанецот три пати го освојуваше овој турнир со Севиља. Емери работеше и за ПСЖ и стана француски шампион во сезоната 2018/2019. Двапати го освои Купот на Франција, двапати Лига Купот на Франција и два пати францускиот Суперкуп.