Српската стрелачка двојка, Зорана Аруновиќ и Дамир Микец го освоија првото злато за својата земја на ОИ во Париз. Тие денеска триумфираа во дисциплината воздушен пиштол, 10 метри метри мешано, со што и донесоа голема радост на својата земја.
Српската двојка стрелци, ги победија во финалето Турците, Севал Тархан и Јусуф Дикец со 16:14. Ова е прв олимписки медал за Зорана Аруновиќ во кариерата, додека Микец има сребро од Токио.