Арсенал освои бод на „Олд Трафорд“, но со тоа дополнително во генералниот пласман ја зголеми негативата зад Ливерпул, што значи дека надежите на „топчиите“ за освојување на титулата сега се речиси згаснати.
Реакцијата на Артета по натпреварот најдобро го отсликува разочарувањето во редовите на лондонскиот тим. Проблемите со повредите и лошата форма го мачат Арсенал веќе подолго време, а не успеваат да победат ниту против десеткуваниот Јунајтед.
Незадоволството на Артета беше видливо веднаш по натпреварот. Кога новинарите го прашаа за огромната бодовна разлика помеѓу Ливерпул и Арсенал, стратегот на лондонскиот тим не сакаше да одговори. Со краток коментар: „Благодарам“.