Артета ќе разговора за нов договор по летниот преоден рок

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека ќе почне разговори за нов договор со клубот по завршувањето на летниот преоден рок, идниот петок, на 30 август.

Сегашниот договор на Артета со Арсенал истекува на крајот од сезонава, но се очекува преговорите не да бидат проблем бидејќи 42-годишниот стручњак е во добри односи со челниците на клубот.

Шпанецот е менаџер на Арсенал од 2019 година и го предводеше тимот до второто место во последните две сезони во Премиер лигата.

– Многу сум благодарен, пред се’, за позицијата на која што сум, но и поради луѓето со кои работам секој ден бидејќи е навистина тешко да се најде таа хармонија, доверба, верување и усогласеност во визијата, вели Артета.

„Топчиите“ беа активни на трансфер пазарот летово, го ангажираа италијанскиот дефанзивец, Рикардо Калафјори во зделка вредна 42 милиони фунти и го продадоа Емил Смит Роу на Фулам за сума која може да достигне 34 милиони фунти.

Тие се пред договор со играчот од средниот ред на Реал сосиедад, Микел Мерино и веќе имаат начелен договор. Напаѓачот на „топчиите“, Еди Нкетија е во преговори со Нотингем форест.

.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО