Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги пофали настапите на Габриел Жезус и Деклан Рајс во синоќешната победа од 3:2 над Борнмут во 20. коло од англиската Премиер лига.
-Кога го примивме првиот гол се најдовме во тешка позиција, но она што го направи Габриел беше неверојатно. Тој покажа лидерство и тимски дух. Потоа влеговме во ритам и постигнавме два одлични гола. Рајс имаше некои тешкотии во последните денови, но тој работеше и работеше и работеше. Играше 96 минути, постигна два гола и беше еден од најдобрите на теренот. Тоа е менталитетот што се бара од секој од нас, изјави Артета за „Би-би-си“.
Арсенал ја продолжи својата победничка серија на седум натпревари во сите натпреварувања. Лондонскиот тим останува на врвот на табелата во Премиер лигата со 48 бода. Следниот натпревар на „топчиите“ ќе биде на 8 јануари дома против Ливерпул, кој е четврти во англиската Премиер лига со 33 бода по 19 натпревари.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: