Артета ги реди коцките за титула: Уште двајца играчи од ПЛ и Арсенал ќе биде комплетен

Арсенал последните две сезони го подигна своето ниво на играта и беа конкурентни за титулата како никогаш досега.

„Топчиите“ под раководство на Микел Артета, почнаа да веруваат во освојување на титулата, а тоа посебно изразено беше последната сезона, кога се надеваа на такво сценарио до последното коло.

Но за да се освојува трофеи, мора тимот да биде силен и постојано да се засилува, а Микел Артета токму на тоа и инсистира.

По добрата сезона, за очекување е клубот да му одобри уште повеќе средства на Артета за да може дополнително да ја засили екипата, а како што брифираат медиумите на Островот, Артета на око има двајца играчи со кои сака да ја засили и комплетира екипата за напад на титулата следната сезона.

Станува збор за двајца играчи од Премиерлигата, за кои Арсенал и тренерот се заинтересирани, тоа се Бруно Гимараеш од Њукасл и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.

Бруно Гимараеш е веќе подолг период желба на Артета и наводно неколкупати седнале да разговараат за евентуален трансфер, но одговор на тоа прашање ќе добиеме во следните месеци.

Што се однесува до Маркус Рашфорд, кај него видно беше незадоволството изминатиот период во Јунајтед, но нема сигнал дека може да го напушти Олд Трафорд. Фудбалерот добил одредена понуда од Микел Артета за трансфер, но за тоа треба да се почека. Артета размислувал за исто сценарио како со Хаверц, да го доведе од Челси, каде беше несреќен и да го оживее во Арсенал. Доколку самиот Рашфорд покаже заинтересираност за заминување, трансферот е реално да се оствари ова лето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО