Арсенал и Њукасл постигнаа договор, во врска со трансферпт на Бруно Гимараеш. Актуелниот англиски првак за услугите на Бразилецот ќе плати 87,5 милиони евра.
Бруно Гимараеш беше голема желба на менаџерот Микел Артета. Тој го идентификуваше 28-годишниот играч од средниот ред како клучно засилување за тимот што ја освои Премиер лигата минатата сезона.
За трансферот на Гимараеш на стадионот „Емирати“ се зборува со месеци, а реализацијата на трансферот ги потврдува амбициите на клубот во подготовка за одбрана на шампионската титула.
Трансферот дојде откако играчот и клубот ги договорија финансиските услови минатиот месец. Иако претходно имаше интерес за него низ цела Европа, Арсенал немаше сериозна конкуренција ова лето. Ривалските клубови беа убедени дека поранешниот играч на Лион ќе ја продолжи кариерата во Северен Лондон. Гимараеш моментално е во тренинг кампот во Ла Манга и наскоро ќе ги помине медицинските прегледи.
Гимараеш е четвртото засилување на Арсенал ова лето, со што продолжува значајната инвестиција на клубот во тимот. Серијата купувања започна со откупот на договорот на Пјеро Хинкапије од Баер Леверкузен за 40 милиони евра.
Потоа во клубот, како слободен играч дојде голманот Илан Меслиер од Лидс. Третото засилување беше грчкиот крилен играч Христос Цолис, платен рекордни 40 милиони евра на клуб од белгиската лига. Тој пристигна како замена за Леандро Тросард, кој се пресели во Бешикташ.