Лидерот во Премиер лигата Арсенал постигна убедлива победа од 4:0 на гостувањето кај Лидс во еден од трите први дуели од 24.коло и по три натпревари без триумф стигнаа до „цел плен“. Со новите три бодови „топџиите“ на конкурентите (Астон Вила и Манчестер Сити) им „побегнаа“ на седум бодови разлика.
На дуелот со Лидс поведе со голот на Мартин Зубименди во 27.минута, а на полувреме беше 2:0 по автоголот на домашниот голман Карл Дарлоу во 38.минута. Во вториот дел Виктор Ѓоќереш зголеми на 3:0 во 69.минута, а конечните 4:0 ги постави резервистот Габриел Жезус во 86.минута.
На другите два дуела: Брајтон – Евертон 1:1 и Вулверхемптон – Бурнемут 0:2.
Во терминот од 18:30 часот играат: Челзи и Вест Хем, а во 21 часот е дуелот Ливерпул – Њукасл.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: