Ливерпул во новата сезона ќе влезе со нов тренер, а веројатно и со неколку нови засилувања.
Новата ера на „Енфилд“ започнува со заминување на Јирген Клоп и доаѓањето на Арне Слот од екипата на Ајакс.
Додека се уште се работи на неговата работна дозвола за Англија, тој подготвувал листа на потенцијални засилувања кои ќе сака да ги види уште првата сезона.
Според некои се уште непроверени информации од Англија, прво име во тефтерот со трансфери кај Арне Слот бил дефанзивецот на Бенфика, Антонио Силва, за кој биле подготвени да платат дебело.
Треба да се спомне дека Ливерпул не е единствен од Премиерлигата кој е заинтересиран за овој играч, па ќе им конкуренција во Јунајтед и Арсенал кои исто така чекаат во редот.
Голем проблем создава откупната клаузула која Силва ја има и која изнесува 100 милиони евра.