Јувентус на крајот од сезоната дефинитивно ќе се раздели со Масимилијано Алегри, а „старата дама“ ќе ја води познато име.
Алегри на крајот од сезоната, судејки по се, ќе си замине, а Скај Италија тврди дека конечно е крај на соработката меѓу двете страни.
Истиот медиум, тврди дека замената на Алегри е веќе избрана и дека клубот од идната сезона ќе го води Тијаго Мота.
– Се оди кон тоа дека соработката на Алегри и Јуве е завршена. Доаѓа ново име за тренер, а прв фаворит е Тијаго Мота, тврдат од Скај Спорт.
Алегри во вториот мандат со Јувентус не освои некои големи работи, бидејки тимот овие 3-4 сезони игра скромно и под очекуваното ниво.
Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Гвинтоли веќе започнал преговори со Тијаго Мота за ангажман и првичните информации зборуваат за тоа дека се е договорено и дека наскоро тој ќе биде промовиран.