Араухо повторно мора да демантира: Не е точно дека сакам да заминам

Уругваецот Роналд Араухо, ги демантираше гласините дека сака да ја продолжи кариерата во друг клуб надвор од Барселона.

Дефанзивецот на Каталонците додаде дека е фокусиран само на настапите во овој клуб и дека ништо друго не го интересира.

Поедини медиуми деновиве објавија дека Араухо во зимскиот трансфер период кој е во тек, би можел да засили повеќе екипи во Европа, а дека опција за него е Бундеслигата и Премиерлигата.

– Секој трансфер период доаѓаат приказни до мене. Минатото лето пишуваа дека ќе продолжам во Манчестер Јунајтед, мојот фокус е на Барселона, давам 100% од себе за овој клуб. Одговорност е и привилегија да се носи капитенската лента на Барселона, порача Араухо.

24 годишниот Араухо е член на Барселона од 2018 година, а за првиот тим на Каталонците има одиграно 130 натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО