Францускиот напаѓач Антоан Гризман призна дека сонува да игра на Олимписките игри (ОИ) во Париз летово. Гризман го носи дресот на Атлетико Мадрид, а клубовите не се секогаш расположени да ги ослободуваат своите клучни играчи на вакви натпреварувања.
– Отсекогаш го сакав ова, тоа е мојот сон, но за тоа решава клубот. Сè ќе биде познато наскоро, но тоа нема да ја загрози мојата иднина во Атлетико. Учеството на ЕП 2024 и на Игрите, со оглед на долгата сезона, е исцрпувачко. Јас ќе го кажам моето мислење, а дали клубот ќе застане на моја страна или не, ќе видиме.
Јас секогаш сакам да играм за Франција, горд сум што ја претставувам мојата земја. Не е важно, дури и да сум резерва, сепак ќе дојдам во репрезентацијата, изјави Гризман за „Фут Меркато“.
ОИ во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава, а составот на олимписката репрезентација на Франција ќе биде познат на 3 јуни