Во минатото многу од навивачите на Реал Мадрид се прашуваа зошто Реал Мадрид го продаде Касемиро, кога тој се уште имаше што да им понуди.
Токму на таа тема, околу трансферите кои Реал Мадрид ги продаде овие години, Роналдо, Касемиро, Варан, се обиде да анализира некогашниот ас на Арсенал и Барселона, Тиери Анри.
Французинот смета дека во Реал Мадрид некој одлично го сетирал тајмингот, односно времето кога да ги продава големите играчи, а сето тоа го образложи со одредена констатација.
– Мора да ги пофалиме во Реал Мадрид, тие имаа точен временски интервал кога требаа да ги продаваат големите имиња. Најдоброто во нивната работа на терен е што точно знаат кога да продадат одреден играч. Кога го продаваа Роналдо, тие точно знаеа дека само таа сезона ќе извлечат за него 100 милиони.
Кога го продаваа Касемиро во Јунајтед, исто така не погрешија, тоа беше вистинско време. Иста беше ситуацијата и со Месут Озил во Арсенал, повторно не погрешија. Време беше и за заминување на Варан, бидејки имаше проблеми и со коленото и таму точно погодија.
Но има една интересна ситуација, во конкуренција на Модриќ, Крос и Касемиро, тие го продадоа најмладиот, зошто? Некој во клубот пресмета дека подобро е да останат Модриќ и Крос и кои веројатно најдобро ќе им помогнат на Валверде, Камавинга, Чуамени во нивниот развој и таму не погрешија па затоа мора да добијат пофалби, порача Тиери Анри.