Работата завршена пред неколку дена, денеска беше и официјализирана. Србинот Никола Миленковиќ е новиот дефанзивец на Премиер лигашот Нотингем форест, во трансфер вреден околу 15 милиони евра.
По Европското првенство (ЕП), каде што одбраната на Србија најдобро се покажа, вниманието на европските клубови го привлекоа речиси сите дефанзивци.
Миленковиќ потпиша петгодишен договор со Форест со кои ќе се обиде уште еднаш да го избегне испаѓањето во Чемпионшип, иако најверојатно ќе им претстои грчевита борба за опстанок како и во претходните две сезони.
Стоперот кариерата ја почна во Партизан, а настапуваше и за клупскиот разгранок Телеоптик. Кога го напушти „црно – белите“, во 2017 година, се пресели во Фиренца и таму мина цели седум сезони.
Тој постигна 17 гола на 263 настапи, но со Фиорентина загуби две последователни финалиња во Лигата конференции (ЛК).