Екипата на Манчестер јунајтед прави напори да го ангажира фудбалерот од средниот ред на Интер, Кристијан Аслани, 22-годишниот играч кој на трансфер-пазарот вреди најмалку 20 милиони евра.
Тој има договор со калчо лигашот уште три сезони, но бидејќи главно седи на клупата за резерви, постојат реални шанси да си замине. Аслани играше за Албанија на последното ЕП во Германија.