Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти ја призна супериорноста на Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. На прес-конференцијата по средбата, Италијанецот изјави:
– Мора да се соочиме со вистината. Лошо се браневме, противникот лесно постигна гол. Слабо се претставивме и како екипа и на индивидуално ниво. Ова не вознемирува. Не би сакал никого да издвојам. Игравме лоша одбрана. На тимот му недостасуваше компактност. Мора да се браниме подобро.
За нивото на игра на тимот и резултатите, Анчелоти дополни:
– Натпреварот беше лош од првата до последната минута. Останавме со играч повеќе, но не можевме да создадеме ништо. Вознемирен сум од целиот натпревар. Ми се чинеше дека по исклучувањето може да се обидеме да победиме. Не размислував за ништо друго. Но, Барселона заслужи да победи. Таа беше подобра од нас, изјави Анчелоти.