Анчелоти со поддршка за повредениот Родриго

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, изрази поддршка за напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, кој е повреден.

Вчера беше објавено дека на 25-годишниот Бразилец му е дијагностициран скинат преден вкрстен лигамент на десното колено и латерален менискус.

– Со тебе сме на секој чекор од твојот камбек. Остани силен, Родриго, напиша Анчелоти на социјалните мрежи.

Фудбалерот ќе го пропушти остатокот од сезоната и Светското првенство 2026.

Во тековната сезона, Родриго одигра 27 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и шест асистенции.

Фото: МИА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО