Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на официјалната прес-конференција го најави мечот против Севиља, кој на програмата е утре, но на новинарски прашања ја анализираше и 2024-тата која веќе изминува.
Италијанецот имаше интересен коментар и на прашањето што сака од Дедо Мраз: „Сакам да го замолам Дедо Мраз во 2025-тата да не ме критикуваат“ – низ шега рече Анчелоти.
– Оваа година за Реал Мадрид ја оценувам со пет плус, бидејќи и ние имавме потешкотии. Освоивме пет трофеи, имавме многу среќни моменти, се искачивме на врвот од Лигата на шампионите. Генерално, тоа беше одлична сезона. Не загубивме многу натпревари, но можеби најтажниот момент беше поразот од Барселона на Бернабеу. За 2025 година посакувам повторно да ја освоиме Лигата на шампионите. Но, не знам дали може да се повтори вели Анчелоти.