Карло Анчелоти стана првиот тренер кој трипати го исфрлил тимот на Пеп Гвардиола од Лигата на шампиони (ЛШ). Тоа на ниту еден тренер во модерниот фудбал досега не му успеало.
Анчелоти со Реал Мадрид во 2014 година првпат го победи Гвардиола, тогаш на клупата на Баерн Минхен, во полуфиналето (1:0, 4:0). Италијанскиот стручњак вториот пат беше подобар од Гвардиола, на чело на Манчестер сити во 2022 година (3:1 и 3:4). Анчелоти, ја комплетираше „тројката“ со синоќешната победа на Реал над Сити (3:3 и 1:1, 4:3 на пенали) и пласманот во полуфиналето.
– Се браневме многу, многу добро. Стануваше збор за опстанок. Реал Мадрид е клуб чија суштина е постојаната борба за опстанок во ситуации кога се чини дека нема излез. Но ние секогаш наоѓаме излез. Во моментот кога почна пенал-рулетот, бевме целосно уверени дека ќе одиме натаму, изјави Анчелоти по натпреварот.