Анчелоти: Атлетико ја контролираше играта, но Реал создаде многу шанси

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја коментираше победата над Атлетико (2:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Моите играчи трчаа, работеа напорно, создадоа предност, а Брахим Дијаз и Родриго си ја завршија работата. Ги одржувавме работите организирани, компактни и добро го притискавме Атлетико. Противникот контролираше играта на периоди, но ние создадовме многу шанси за гол.
На вакви натпревари секогаш сè виси на конец. Ова е Атлетико, тим од највисоко европско ниво. Невозможно е да се замисли дека сè ќе одлучите на првиот натпревар. Добивме мала предност за следната недела – тоа беше нашата цел, изјави Анчелоти за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се одигра на 12 март на стадионот „Метрополитано“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО