Аморим го критикува Манчестер jунајтед: Голем клуб, но не и голем тим

Рубен Аморим, тренерот на Манчестер јунајтед, го критикуваше својот тим и објасни во кои сегменти неговите играчи треба да напредуваат.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, рече дека во моментов е „голем клуб, но не и голем тим“.

Аморим неодамна го презеде Јунајтед и забележа две победи во првите три натпревари, против Бодо/ Глимт и Евертон, но го претрпе првиот пораз од Арсенал (2-0) во средината на неделата. Поразот го турна Јунајтед во долната половина од Премиер лигата пред денешниот дуел со Нотингем Форест.

Говорејќи пред натпреварот, Аморим беше отворен за предизвиците со кои се соочува тимот:

„Ние сме голем клуб, но не сме голем тим. Тоа е јасно и не е проблем да се каже тоа. Имаме добри страни, но има многу да работиме. Мораме да бидеме подобри во завршницата“.

На прашањето за очекувањата на навивачите, тој додаде:

„Тоа нема да се промени поради успесите од минатото. Нашите играчи мора да сфатат дека сме во тешка позиција. Ние не сме најдобриот тим во лигата, но нашето минато е најдоброто во лигата. Мораме да се фокусираме на малите детали“.

Еден од клучните предизвици со кои Аморим планира да се справи е физичката подготвеност на тимот. Јунајтед моментално е меѓу шесте тимови од Премиер лигата со најмало просечно претрчани километри по натпревар.

„Невозможно е да се освои Премиер лигата ако сме тим што не трча. Можете да го имате најдобриот тим на планетата, но без трчање нема да победи. Мораме да трчаме како „бесни кучиња“. Прашањето е дали играчите можат да се справат со тоа. Ако се навикнати на тренинзите, тие ќе го направи и на натпреварите“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО