Никола Јокиќ и сезонава доминира во најсилната лига на светот, НБА. Српскиот кошаркар има просек од 29,7 поени, 13,7 скока и 11,7 асистенции по натпревар и моментално е прв во лигата според асистенции и скокови, а според постигнати поени е четврти на листата.
Популарниот сајт „StatMuse“ објави неверојатни податоци кои најдобро сведочат за тоа колку српскиот ас е доминантен во НБА.
Верувале или не, Јокиќ сезонава има повеќе поени во просек од Коби Брајант во сезоната кога легендарниот ас на Лејкерс беше прогласен за МВП.
Никола има повеќе скокови по натпревар од славниот Данкан во МВП сезоната, и повеќе асистенции од Стив Неш кога Канаѓанецот беше прогласен за МВП.
Сомборeцот има повеќе украдени топки од Маркус Смарт во сезоната кога Американецот беше прогласен за најдобар одбранбен играч на годината.
Она што е особено интересно е што Никола моментално има подобар процент за шут за три поени и од Стеф Кари во МВП сезоната.
И тоа не е се, тој е подобар и во процентот на голови од поле од Јанис Атетукомпо кога беше прогласен за МВП.
Jokic this season:
— More PPG than MVP Kobe
— More RPG than MVP Duncan
— More APG than MVP Nash
— More SPG than DPOY Smart
— Higher 3P% than MVP Curry
— Higher TS% than MVP Giannis pic.twitter.com/fJ1M5MMlSd— StatMuse (@statmuse) November 20, 2024