Лео Меси најверојатно ќе го пропушти ОЛ СТАР натпреварот во МЛС лигата, поради повреда која ја доби во финалето од Копа Америка, кога Аргентина ја победи Колумбија.
Аргентинецот во битка за трофејот против Колумбија, мораше да го напушти теренот во второто полувреме, а повредата на скочниот зглоб ги натера челниците на Интер на одлука дека тој ќе мора да го пропушти ревијалниот меч кој ќе се игра во среда и четврток во Охајо.
Тој ќе мора да го скокне овој натпревар, бидејки се опоравува од повредата, а борбата со Интер Мајами ќе ја продолжи подоцна во МЛС лигата.
Сопственикот на осум златни топки неодамна по втор пат се закити со златен медал на Копа Америка, што дополнително го зацрсти на врвот на фудбалскиот Олимп.