Американските ватерполисти бронзени на ОИ

Машката ватерполо репрезентација на САД го освои бронзениот медал на Олимписките игри (ОИ) совладувајќи ја Унгарија со 11:8 (3:2, 1:1, 2:2, 2:3; 3:0 на пенали) во мечот за третото место со подоброто изведување на пенал-петерците.

Американците имаа миминално водство во првите три четвртини, но на стартот од последната четвртина Унгарците стигнаа до победничка позиција со три последователни гола, за сводство од 8:6.

Но, во последните три минути Американците израмнија на 8:8 со двата гола кога имаа играч повеќе во базенот. Унгарците во последните секунди имаа шанса да го постигнат победничкиот гол, но не беа прецизни.

При изведувањето на пеналите тројцата американски играчи беа прецизни, додека двајца Унгарци ја погодија рамката од голот, а американскиот голман Вајнберг го запре ударот на Вигвари.

Ова е седми олимписки медал за американските ватерполисти, прв по среброто во Пекинг 2008 година, кога во финалето загубија од Унгарците. Вкупно тие имаат освоено три сребрени и четири бронзени медали.

Унгарците се нација со најмногу трофеи во историјата на ватерполото со девет олимписки злата, но последното го освоија во Пекинг пред 16 години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО