Шпанскиот фудбалер Алваро Негредо официјално ја заврши својата кариера. Информацијата ја сподели на социјалните мрежи, каде се заблагодари на сите негови соиграчи и поддржувачи.
39-годишниот ветеран ја започна кариерата во Рајо Ваљекано, а потоа играше за Севиља, Манчестер Сити, Валенсија, Мидлзборо,Бешикташ , Ал Наср, Кадиз и Ваљадолид.
Најголем клупски успех му е премиерлигашката титула со „граѓаните“ во 2014 година, а за шпанската репрезентација забележа 21 настап и постигна десет голови. Со „фуријата“ стана европски шампион во 2012 година.