Алварез по викендот заминува за Шпанија

Фудбалерот на Манчестер сити, Хулијан Алварез, в понеделник треба да пристигне во Мадрид, на задолжитешните лекарски прегледи во Атлетико, наведуваат медиумите во Англија.

Шпанскиот состав за неговите услуги на Ситу ќе плати 75 милиони евра и дополнителни бонуси до 30 милиони.

Аргентинецот ќе потпише договор со Атлетико до јуни 2029 година. Тој во претходната сезона одигра 36 натпревари за „граѓаните“ со ефект од 11 гола и девет асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО