Тренерот на мадридски Реал, Чаби Алонсо, изјави денеска дека напаѓачот на Кралскиот клуб, Винисиус Жуниор, нема да биде казнет, по неговата бурна реакција која уследи при напуштањето на теренот за време на минатонеделното „Ел Класико“ против Барселона.
Винисиус беше заменет во 72 минута од натпреварот со Барселона (2:1) во неделата, по што следеше неговата гневна реакција.
– Јас? Господине? Јас повторно? Оди по ѓаволите! Секогаш јас! Доста ми е, подобро да си одам!, реагираше 25-годишниот бразилски фудбалер пред камерите, упатувајќи се директно кон соблекувалната без да се поздрави со тренерот Алонсо.
Винисиус подоцна во објава на социјалната мрежа Икс им се извини на „сите фанови на Реал Мадрид“ за неговата непримерна реакција.
Алонсо, кој беше неколку пати прашан за инцидентот на денешната прес-конференција, рече дека сè е завршено од моментот кога играчот се извинил.
„Во средата имавме состанок со целиот тренерски персонал и играчите, а Винисиус одржа одличен говор – искрен и од срце. За мене, од средата оваа приказна е завршена“, рече Алонсо, додавајќи дека нема да има казни или дисциплински мерки против бразилскиот напаѓач.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: