Алкараз: Многумина не веруваат во мене дека можам да го одбранам трофејот на Вимблдон

Карлос Алкараз во следните две недели, ќе се обиде да атакува на трофејот на Вимблдон, каде тој ќе биде бранител пред конкуренцијата.

Тенисерот од Мурсија минатата сезона во финалето беше подобар од Новак Ѓоковиќ, со кој евентуално би можел повторно да вкрсти во полуфиналето или финале.

Алкараз е свесен дека е еден од фаворитите и не бега од тоа.

– Се чувствувам одлично, после Квинс имав долг период да се адаптирам на предизвикот и да напредувам. Веднаш по Квинс, почнав да работам на своите движења, сакам да сервирам подобро на трева. Во моментот мислам дека сум подготвен за почетокот на турнирот. Многумина не веруваат дека можам да го одбранам трофејот, но ќе се обидам, порача Алкараз.

На почетокот, на шампионот го очекува меч со 21 годишниот тенисер Марко Лајал од Естонија, кој е 262. тенисер на листата.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО