Алкараз брзо мораше да го напушти мечот, „побегна“ во соблекувална, па порача: Навистина се плашам!

Несекојдневна сцена се случи на мечот меѓу Карлос Алкараз и Александер Зверев, кога при наплив на рој пчели, мораше да се направи привремена пауза.

Од страната на Алкараз имаше навистина мноштво на пчели, а тој самиот потврди ако од нешто стравува, тоа се пчелите, па мораше да побегне во соблекувалната.

– Нема да лажам, се плашам од пчели, затоа побегнав во соблекувалната, порача по мечот Алкараз.

Судијата набргу ја сфати сериозноста на новонастанатата ситуација, па го прекина натпреварот, а ситуацијата ја „извади“ човек по име Ленс Дејвис.

Човекот има прекар „убиецот на пчелите“, па ја одработил својата задача перфектно, со што ги оттргнал пчелите од тенискиот тере со посебен всмукувач, па на тој начин стана херој на денот.

Целата работа Дејвис ја завршил без соодветна опрема, но најважно од се е дека се помина добро, а прекинот траеше безмалку два часа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО