Алкалоид пристигна во Германија, дуелот со Хановер со директен пренос на МТВ!

Експедицијата на РК Алкалоид е веќе во Германија. Ракометарите на победникот на ЕХФ Купот, заедно со стратегот Кирил Лазаров и дел од раководството на нашиот европски претставник пристигнаа во Германија каде утре од 17 часот ќе го одиграат првиот меч од квалификациите во ЕХФ Европската лига против Хановер – Бургдорф.

Како што информираат од страна на Алкалоид, овој меч на радост на сите ракометни и воопшто спортски фанови, ќе биде пренесуван во живо низ директен пренос на МТВ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО