Алегри: Влаховиќ беше незрел, морав да зборувам со него, па се поправи

Јувентус синоќа оствари сигурен триумф против Сасуоло во 20. коло од Серија А со 3:0.

Апсолутен јунак на „старата дама“ беше Душан Влаховиќ кој постигна два гола во првиот дел за предност од 2:0.

Прво погоди во 15. и 37. минута, а головите беа вистинско ремек дело и печат на добрата форма на српскиот фудбалер.

Натпреварот го финишира со гол Федерико Киеза во самиот финиш, во 89. минута, за сигурен триумф на домаќините.

– Влаховиќ се поправа, пред некоја вечер кога влезе во игра против Фросиноне, тоа му беа очајни 30 минути и не му одеше ништо. Тоа беше знак за неговата незрелост, па морав да зборувам по мечот со него, но тој мора да се труди да ги избегнува грешките кои може да ги направи, порача Алегри.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО