Алеги си оди од Милан, се скарал со Ибрахимовиќ

Италијанските медиуми објавуваат дека тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, цврсто одлучил да го напушти клубот на крајот од сезоната поради наводен конфликт со т советникот во клубот, Златан Ибрахимовиќ. Нивниот однос, како што се тврди, е целосно прекинат, пишува „Фудбал Италија“.

Актуелната сезона е турбулентна за „росонерите“. Иако претходно имаа серија од 24 натпревари без пораз, тимот доживеа целосен пад на формата од почетокот на април, поради што пласманот во Лигата на шампионите, главната цел на сезоната, сега е доведен во прашање.

На две кола пред крајот на првенството, Милан е на четвртото место, израмнет по бројот на бодови со петтопласираната Рома и само два бода повеќе од амбициозниот Комо, предводен од Сеск Фабрегас.

Според „Кориере дела Сера“, односот меѓу Алегри и Ибрахимовиќ сега е „непостоечки“. Расправијата наводно се случила по поразот од Наполи (1:0) на почетокот на април, а непосредната причина била дискусијата за третиот голман за следната сезона.

По расправијата, која наводно се случила на 6 април, Ибрахимовиќ не бил виден со недели во тренинг кампот на Миланело, каде што се вратил неодамна. Извештаите, исто така, наведуваат дека голем дел од раководството, вклучувајќи ги Џорџо Фурлани, Игли Таре и Џефри Монкада, се под притисок поради лошите резултати.

Во извештајот се тврди дека отсекогаш имало латентни тензии меѓу Алегри и Ибрахимовиќ, кои датираат од првиот мандат на тренерот во клубот, кога Швеѓанецот бил еден од клучните напаѓачи.

На Алегри наводно му пречел фактот што Ибрахимовиќ редовно разговара со Антонио Касано, еден од најгласните критичари на Милан во последните години.

„Кориере дела Сера“ пишува дека Ибрахимовиќ ја преминал границата кога почнал да им дава тактички совети на некои играчи, вклучувајќи ги Јусуф Фофана и Рафаел Леао, заобиколувајќи го тренерот.

„Кориере дела Сера“ ја пренесува мрачната слика за ситуацијата во Миланело и сугерира дека Алегри сака да го напушти клубот на крајот од сезоната, без оглед на тоа дали тимот ќе се квалификува за Лигата на шампионите или не.

Во меѓувреме, Алегри сè уште се споменува како еден од кандидатите за наследник на Џенаро Гатузо на клупата на италијанската репрезентација.

Според последните информации, тој ќе стане фаворит за таа позиција ако Џовани Малаго победи на претстојните избори за претседател на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО