Во Дортмунд ќе има повеќе албански отколку италијански навивачи?

На утрешниот натпревар Италија – Албанија во Дортмунд, во групата Б, на стадионот „Вестфален“ се очекуваат десетици ијлади албански навивачи.

Познато е дека Германија е „втора татковина“ за Албанците, и оти таму ги има околу 100.000. Во Италија ги има околу половина милион. ЕСПН најави дека сите тие, заедно со Албанците од татковината, ќе создадат невиден навивачки патувачки контингент. ЕСПН тврди дека само домаќинот Германија ќе има повеќе навивачи на ЕП!

Албанскиот премиер Еди Рама прогласи десетдневна пауза во парламентот за да можат приближно 100 министри и парламентарци да одат на натпреварите на Албанија против Италија, Хрватска и Шпанија.

Познатиот стадион во Дортмунд прима над 81.000 гледачи на натпреварите на Борусија. Но, за жал на илјадници навивачи, особено на оние од Албанија, за време на ЕП, капацитетот на стадионот ќе биде намален на околу 62.000 места, поради безбедносни и протоколарни причини.

ЕСПН тврди дека албанските навивачи одамна купиле околу 50.000 влезници, без да прашаат за цената. Италијанците кои се актуелни европски шампиони и голема фудбалска земја, има армија навивачи. Но според некои проценки утре од трибините „азурите“ ќе ги бодрат помалку од 10.000 навивачи.

Албанците и Италијанците имаат многу добри односи, а Албанците со години наназад „студираат фудбал“ во Италија. Италијанската федерација од следната сезона им дозволи на сите клубови од Серија А да имаат по еден Албанец во својот тим, кој ќе се третира како локален играч, а не како странец.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО