Аканџи трагичар, Англија ќе игра полуфинале на ЕП

Фудбалерите на Англија и Швајцарија одиграа четвртфинален натпревар на Европското првенство, а конечниот резултат во Дизелдорф беше 1:1, по што победија со 5:3 по изведувањето пенали.

Како што навикнавме од селекцијата на Англија на ова ЕП, не го видовме бурниот старт на Гордиот Албион.

Швајцарците беа тие кои се обидоа да го искористат срамежливото влегување на Англичаните во мечот во првите минути.

Во првите минути од натпреварот всушност ништо сериозно не се ни случи.

Во 22. минута Хари Кејн имаше добра шанса, но неговиот удар со глава беше непрецизен.

Три минути подоцна одговори Швајцарецот. Емболо имаше можност да им се закани на Англичаните, но неговиот удар беше изблокиран во последен момент.

Англичаните по долго време се доближија и имаа добра шанса.

Кон крајот на полувремето Сака повторно најде начин да ја пробие противничката одбрана, ја врати топката до Мајно, но ударот на играчот на Манчестер Јунајтед беше изблокиран.

Конечно, во 74. минута видовме гол. Ндоје нафрли од десната страна, топката лошо ја закачи Стоунс, а Емболо ја додаде во мрежата.

Следуваше продолжение на натпреварот, и тука не видовме ниту еден гол. Па силите се одмеруваа во пенал завршница.

Кол Палмер ја започна првата серија пенали за Англичаните. Тој шутираше лево и го испрати Зомер надесно. За Швајцарија, прв на белата точка беше Аканџи, тој шутираше очајно и му дозволи на Пикфорд да го одбрани неговиот удар.

Белингем беше прецизен во втората серија, а погоди и Шар.

Сака ја презеде Англија во третата серија и беше прецизен, а прецизен беше и Шакири и покрај тоа што Пикфорд ја погоди страната.

Тони стрелаше во четвртата серија за Англичаните и беше сигурен. Амдуни мораше да даде гол за Швајцарија за неговата селекција да остане во игра, и беше сигурен.

Александер Арнолд имаше можност да ја заврши работата за репрезентацијата на Англија и погоди. Англија е во полуфиналето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО