Агуеро: На Сити му се потребни засилувања, особено во средниот ред

Аргентинецот, Серхио Агуеро, легендата на Манчестер сити со постигнати 260 гола на 390 натпревари и петкратен освојувач на Премиер лигата, очекува „граѓаните“ во зимскиот преоден рок да доведат нови играчи и да засилат некои позиции, особено во средниот ред, каде што најмногу се чувствуваат отсуствата на повредените.

„Повредите на Родриго и Ковачиќ го уништија средниот ред. Претпоставувам дека таму ќе видиме ново име. Немам фаворит во однос на можните засилувања“, изјави Агуеро.

По добриот старт на сезоната, Сити се најде во криза од која како да не може да се извлече. Избраниците на Пеп Гвардиола во последните месец и половина забележаа само една победа, со само две ремија и осум порази, поради што моментално заостануваат девет бода зад лидерот Ливерпул.

„Родри, добитникот на „Златната топка“ е повреден, неговата најдобра замена Матео Ковачиќ исто така пропушта делови од сезоната поради повреда“, пишува „Манчестер Ивнинг њуз“ и додава дека Сити има средства за купување нови играчи во јануари.

Весникот нагласува дека Бруно Гимараеш од Њукасл и Мартин Зубименди од Реал сосиедад би можеле да бидат играчите кои клубот ќе се обиде да ги донесе на „Етихад“ зимава.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО