Адвокатите на Мбапе: Фудбалерот едноставно ги спроведува своите законски права, како и секој вработен

Застапниците на поранешниот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе, издадоа соопштение во врска со нивното барање парискиот клуб да плати 240 милиони евра отштета за штетата нанесена на играчот.

-Килијан Мбапе не бара ништо надвор од законот. Тој едноставно ги спроведува своите законски права, како што би направил секој вработен, се вели во соопштението од адвокатите на 26-годишниот фудбалер.

Сослушувањата во спорот меѓу Мбапе и ПСЖ започнаа на 17 ноември. Страната на играчот тврди дека клубот одбил да го конвертира неговиот договор од одредено време во траен и не му исплатил 55 милиони евра плата и бонуси.

ПСЖ побара 180 милиони евра од Килијан Мбапе како компензација за неуспешен трансфер по понудата од саудискиот клуб Ал Хилал од 300 милиони евра, која играчот ја одби во јули 2023 година.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО