АБА2: МЗТ Скопје со предност од 16 поени патува на реваншот во Широки

Македонскиот шампион МЗТ Скопје оствари голема победа на првата четвртфинална пресметка во плеј-офот од АБА 2 лигата против Широки во Скопје. Избраниците на тренерот Атанасов во „Јане Сандански“ славеа со 85-69 и со позитива од 16 поени заминуваат на реваншот следната среда во обид да се пласираат во полуфиналето.

Војдан Стојановски со 21 поен беше прв стрелец во таборот на нашиот првак, а добар меч имаше и Делалиќ со 17 поени. Одлуката за победникот падна во вториот дел во кој МЗТ Скопје одигра одлично и успеа да ја анулира негативата од првото полувреме.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО